за катедрата
Катедрата за општа и компаративна книжевност е формирана во учебната 1980/81 година. Постоењето и развојот на Катедрата за општа и компаративна книжевност е во знакот на континуираното збогатување на наставните планови и програми, од една и усовршувањето на кадрите, од друга страна.
Катедрата за општа и компаративната книжевност како предмет на изучување го има широкото поле на традиционалните и современи теоретски пристапи кон книжевноста и другите уметности, како и компаративно – историското изучување на македонската книжевност во врска со сите европски и други книжевности и култури. Тоа значи дека катедрата остварува врвни наставни и истражувачки активности во кои студиите реализирани преку компарирањето како дисциплина колку што го нагласуваат односот меѓу националната книжевност и другите книжевности, толку ги истражуваат одговорите на прашањата за поврзаноста на книжевноста со сите други уметности, театарот, сликарството, филмот, фотографијата, како и современите дигитални технологии. Оваа катедра дава можност за изучување на широкото поле на интедисциплинарните и интермедијалните концепции, културолошките концепции во науката и уметноста во целина.
СТУДИСКИ ГРУПИ
Насока
- Италијански јазик и книжевност – наставна насока – 2023
- Италијански јазик и книжевност – преведувачко-толкувачка насока – 2023
- Италијански јазик и книжевност – наставна насока – 2018
- Италијански јазик и книжевност – преведувачко –толкувачка насока- 2018
Студиски и предметни програми
Студиски и предметни програми по ОПШТА И КОМПАРАТИВНА КНИЖЕВНОСТ – НАСТАВНА НАСОКА акредитирани во 2023 г.
Студиски и предметни програми по ОПШТА И КОМПАРАТИВНА КНИЖЕВНОСТ – КУЛТУРОЛОШКА НАСОКА акредитирани во 2023 г.
Студиски и предметни програми по ОПШТА И КОМПАРАТИВНА КНИЖЕВНОСТ акредитирани во 2018 г.
НАСТАВНИЦИ
ДОЦЕНТ
д-р Кристина Николовска
