Англиски јазик и книжевност

за катедрата

Катедрата за англиски јазик и книжевност своите скромни почетоци ги бележи во 1950 година како лекторат за англиски јазик при Филозофскиот факултет во Скопје, за во 1958 година да прерасне во Отсек за англиски јазик и книжевност во рамките на Катедрата за германистика при истиот факултет и конечно, во 1960 година, да се осамостои како Катедра за англиски јазик и книжевност. На првиот упис во 1958 година на студиите по англиски јазик и книжевност се запишале 60 студенти, што укажува на податокот дека уште на самите почетоци постоел огромен интерес за ваквите студии во Македонија. За прв шеф на Катедрата е избрана вон. проф. Мира Шуњиќ, а веднаш по неа доајенот на македонската англистика, вишиот предавач Даринка Арсова. Интересен е податокот дека таа, заедно со Џејмс Лич, професор од Велика Британија, во 60-тите години ги изработила првите учебници по англиски јазик за основното образование кај нас. Во овој период а особено по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, сè почеста е соработката со странски колеџи и универзитети, особено со помош на фондациите „Форд” и „Фулбрајт” од САД и Британскиот совет, па така голем број предавачи-гости и професори престојувале на Катедрата со што придонеле во создавањето на толку неопходниот наставен кадар за понатамошното постоење и работење на Катедрата. Како куриозитет вреди да се спомене дека првиот предавач-гостин на Катедрата бил никој друг туку познатиот американски романсиер Сол Белоу кој во пролетта 1960 година одржал низа предавања за студентите и членовите на Катедрата.

СТУДИСКИ ГРУПИ

          Насоки

  • Англиски  јазик и книжевност – наставна насока – 2023
  • Англиски јазик и книжевност – преведувачко-толкувачка насока – 2023
  • Англиски  јазик и книжевност – наставна  насока – 2018
  • Англиски  јазик и книжевност – преведувачко–толкувачка насока 2018

НАСТАВНИЦИ

ПРОДЕКАН, РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Калина Малеска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР​

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР​

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР

ВОНРЕДЕНПРОФЕСОР​

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР​