за катедрата
Катедрата за македонски јазик е првата наставно-научна институционална единица во рамките на Филозофскиот факултет, основана во 1946 година, под називот Катедра за јужнословенски јазици, со посебен Семинар за македонски јазик. Катедрата има основоположничка улога во создавањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Од основањето до денес својата наставна дејност Катедрата ја врши, пред сè, преку Групата за македонски јазик.