Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира настава за изучување на јазикот на кој се држи наставата на избраната студиска програма, паралелно со редовната настава.
За кандидатите странски државјани Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира едногодишна кратка стручна студиска програма: Македонски јазик за странци, во рамките на првиот циклус студии, во траење од два семестра.
За кандидатите на странски државјани запишани во англиските студиски програми Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира едногодишна кратка стручна студиска програма: Англиски јазик за странски студенти, во рамките на првиот циклус студии, во траење од два семестра.
Наставата се организира во зимскиот и во летниот семестар и ќе започне на 1.10.2025 година. Во текот на наставата се врши континуирана проверка на знаењето на кандидатите – слушатели.
Испит по Англиски јазик за А1 ниво (Маја Јошевска – Петрушевска): 6.10.2025 во 12:30 часот во Англиска библиотека 16.10.2025 во 12:30 часот во Англиска библиотека Испит по Англиски јазик за А2 ниво: 24.9.2025 година во 11 часот во амфитеатар А3 30.9.2025 година во 12 часот во П7
Рокот за запишување студенти/странски државјани на кратки стручни студиски програми за изучување на јазик е продолжен до 13 октомври 2025 година ОГЛАС
